Сања Божиновска

Божиновска: Нема опасност да ни биде запрен гасот

Ние имаме долгорочен договор, што значи не важи одлуката на ЕУ за укинување на рускиот гас од 1 јануари 2026-та. Засега гас имаме само од гасоводот од Бугарија.

Македонските граѓани и компании не треба да бидат загрижени дека ќе секне снабдувањето со гас, изјави денес министерката за енергетика Сања Божиновска. Вчера, Советот на Европската Унија го поддржаа предлогот за укинување на увозот на рускиот природен гас од 1 јануари 2026 година, но дека ќе има преоден период за склучените договори.  Краткорочните договори склучени пред 17 јуни 2025 година можат да продолжат до 17 јуни 2026 година, додека долгорочните договори можат да важат до 1 јануари 2028 година.

-Ние имаме долгорочен договор, што значи не важи одлуката за укинување на рускиот гас од 1 јануари 2026-та. Македонија троши 500.000 кубни метри и тоа не е некоја голема количина. Додека да престанат да важат долгорочните договори, би требал да биде готов гасоводот со Грција и не би требало да имаме проблеми. За сите оние кои немаат решение за гасот, алтернативни решенја ќе се бараат на ниво на Европската унија. Секако, нема да останеме без гас – изјави министерката Божиновска.

Гасот за скопјани е особено важен затоа што најголем дел од централното греење доаѓа од когенеративната гасна централа ТЕ-ТО.

Засега гас имаме само од гасоводот од Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот