„Борба за Влае“: Да ја спречиме планираната бетонизација на зелените површини во населбата

Влае/илустрација Фото: Фејсбук

Нова граѓанска иницијатива под името „Борба за Влае“ најавува дека ќе се обиде да ја спречи „бетонизацијата“ на населбата, која според иницијативата, е планирана во ДУП-от кој во моментов е предмет на јавна анкета.

„Од 25.02 до 25.03.2022 се оддржува Јавна анкета по предлог Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ 19.
Или преведено – имаме до 25.03.2022 да реагираме на предлог ДУПот кој ќе ја скрои иднината на Влае, од Вардар до Кружниот тек на Партизанска, од Партизанска до Хром.

До тогаш треба да кренеме глас, да пишуваме Анкетни листови и да одиме на јавната презентација на 11.03.2022 во УЗ Влае 2.

Би издвоиле неколку важни работи:

1. Објектите на Кино Влае се преселуваат до зеленилото на Партизанска, дрвјата ги сечат за да се „исправи“ улицата Есперанто меѓу школото и новите објекти.
А тие објекти се згради и се повеќе. Некои 1-2 спрата, некои 4 спрата, па се до 8-катница.
2. Игралиштата на кеј стануваат спортски центар (налик Борис Трајковски)
3. Празниот простор спроти КАМ станува 4-катница
4. Сите зеленила меѓу Порта Влае и паркингот пред зградите стануваат монтажни/катни паркиралишта

Бидејќи сметаме дека на Влае не му фали повеќе бетон ни згради на местото на зеленилото сакаме да го спречиме овој ДУП од донесување. Сакаме да се врати на ревизија и да се тргнат маркиците за згради, посебно тие кои се на државно земјиште. Тој простор може да биде искористен за паркови, зеленило, игралишта, објекти од јавен интерес и др.

Ги покануваме сите кои сакаат да помогнат да се спречи овој ДУП од донесување да пишат Анкетен лист до Општина Карпош или да ни пишат нас за заедно да пробаме да дејствуваме против него“, велат од граѓанската иницијатива „Борба за Влае“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот