Бонд девојката Тања Робертс е жива: Нејзиниот сопруг пренел неточна информација

Фото: Профимедиа

Американската актерка Тања Робертс, која светската слава ја стекна во филмовите за Џејмс Бонд и во последната сезона од серијата Чарлиевите ангели, за која вчера известивме дека починала, всушност се уште е жива, јавува денес CNN.

Во неделата CNN по грешка објави дека Робертс, починала во 65-та година од животот, но денес грешката е поправена.

Нејзиниот пријател и агент Мајк Пингел, кој ја нарече „најслатката личност која можевте да ја запознаете“, сега изјави дека Робертс е во болница во тешка состојба.

Фото: Профимедиа

Робертс колабирала додека се шетала на 24-ти декември и веднаш е примена во болницата во Лос Анџелес.

Причината за смртта не беше објавена, но како што пишуваа случајот не беше поврзан со коронавирусот.

Пингел изјави дека по грешка ја објавил смртта на Тања Робертс врз основа на податоците кои ги добил од нејзиниот партнер.

Фото: Профимедиа

Откако се јавил во болницата во која престојува таа, добил информација дека таа се уште е жива, но во лоша состојба, изјави Пингел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот