Болките на овие две места на телото се знак дека сте заразени со омикрон

Фото: Профимедиа

Варијантата омикрон на коронавирусот се прошири низ целиот свет и најверојатно ги предизвикува повеќето во моментот нови зарази со коронавирусот. Иако симптомите се благи, со оглед на тоа дека побрзо се пренесува, се шири многу побрзо.

Бидејќи знаците на заразата со омикрон се преклопуваат со обичната настинка, понекогаш е тешко да се каже за каков тип на инфекција се работи. Според податоците, заразата со омикрон во повеќето случаи дури и не доведува до респираторни проблеми. Најчесто тоа се суптилни знаци кои можат да се препознаат на два дела од телото.

Најчестите симптоми на омикрон

Болките во мускулите се чест симптом на коронавирусот. Дури и во случај на зараза со омикрон, луѓето чувствуваат стегање и болка во мускулите. Според лекарите во Јужна Африка, каде што се пријавени првите случаи на омикрон, повеќето луѓе се пожалиле на болки во мускулите познати како миалгија. Врз основа на податоците собрани низ целиот свет, повеќето луѓе имаат благи респираторни проблеми со сериозни болки во мускулите. Течењето од носот, болките во телото, болките во градниот кош, болките во грбот и заморот најчесто се поврзуваат со омикрон.

Две места каде што можете да почувствувате болка

Двете најчести места на кои луѓето заразени со омикрон чувствуваат болки се – нозете и рамената. Во последните две години е познато дека коронавирусот може да предизвика болка во кој било дел од телото, но во случајот со омикрон, нозете и рамената се најчесто погодените делови на телото.

За каков вид на болка станува збор?

Болката предизвикана од омикрон може да се манифестира на различни начини, но најчесто се карактеризира со болка која се шири и која може да се појавува и исчезнува додека не закрепнете од инфекцијата. Некои луѓе заразени со омикрон се жалат и на чудно чувство како вкочанетост или слабост во нозете. Кога зборуваме за рамената, пациентите главно чувствуваат болка, напнатост и вкочанетост. Слабост во нозете и рамената, исто така, може да биде знак за зараза со омикрон.

Зошто болката во мускулите е толку честа појава кај заразата со омикрон?

Експертите веруваат дека болката во мускулите е чест симптом кај инфекциите кои се шират толку брзо и тука коронавирусот не е исклучок. Но, зголемениот број на луѓе кои чувствуваат болки во телото може да се должи на повеќе фактори. Тоа може да се случи поради посредникот на воспалението или можеби затоа што баријантата омикрон на вирусот влијае на коските и мускулите многу повеќе од претходните варијанти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот