Благица Петрески, „Фајненс тинк“: Несериозно е незавршувањето на постапката за издавање на еврообврзница

Незавршувањето на постапката за издавање на еврообврзница, и потребата за нова аукција, не претставува ризик дали средствата ќе бидат обезбедени, но претставува ризик за условите под кои истата ќе биде издадена, вели главната економистка на Институтот за економски политики и равозј „Фајненс тинк“.

-Условите на финансиските пазари се затегнати, и во догледно време нема да станат подобри, а и дополнително според сигналите кои Европската Централна Банка ги дава, референтната каматна стапка ќе продолжи благо да се зголемува до месец јуни. Тоа упатува дека, можеби реиздадената еврообврзница ќе биде по повисока каматна стапка. Вториот аспект е пораката која ја креираме со ваквите пропусти, на несериозност и приоритизација на политчките прашања наместо политиките – изјави за „Слободен печат“ Петрески.

Таа утре ќе биде наш гостин во „Утрински печат“ каде што ќе разговараме за јавниот долг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот