Бјелогрлиќ ја најави третата сезона на серијата „Сенки над Балканот“: Кој ќе го глуми Тито?

Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ го најави снимањето на третата сезона на „Сенки над Балканот“, една од најуспешните серии во последните години во регионот.
Бјелогрлиќ на својот инстаграм – профил напиша:
„Повторно доаѓаат сенките на Балканот… #Сенке 3“, а со оваа објава и официјално го најави почетокот на новата сезона.
Третата сезона треба да го опфати периодот пред Втората светска војна, а според некои претходни шпекулации, улогата на Јосип Броз Тито треба да ја има Милош Биковиќ, пренесува Нова.рс.
View this post on Instagram
Првата и втората сезона од серијата беа многу добро прифатени од публиката и критичарите. Првата сезона од серијата се снимаше од октомври 2016 до јуни 2017 година, а втората сезона беше снимена од 12 ноември 2018 до мај 2019 година.
Бјелогрлиќ во серијата ја толкуваше главната улога на инспекторот Танет, а е и продуцент и режисер.