Бислимовски: Неопходно е усогласување на правилата за создавање единствен енергетски пазар

Марко Бислимовсли, претседател на РКЕ

-Враќањето во нормала и рестартирањето на животот воопшто од денешен аспект е прилично комплексно и полно со неизвесност, вели претседателот на РКЕ.

Стратешки интерес за земјите од регионот е да ги усогласат домашното со европското законодавство со цел енергетските пазари да се развиваат по исти правила во насока на создавање на единствен пазар на енергија во Европа. Ова го истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски на денешниот 45. состанок на Одборот на регулатори на енергетската заедница (ECRB).

Според него само со координиран одговор можеме да се справиме со вонредна состојба како пандемијата.

Освен што сме соочени со здравствена криза, укажа тој, таа се рефлектира подеднакво силно и во економска смисла. Па така секој сегмент, како и енергетиката, во овој период беше исправен пред предизвикот да одговори на менаџирање на енергетските системите во вонредна состојба и да обезбеди сигурна и стабилна испорака на електрична и топлинска енергија, но и гас и нафта.  Сите ние се соочивме со затворени граници, граѓаните се изолираа во сопствените домови, големите компании и фабрики привремено се затворија – ова се одрази со пад потрошувачката на електрична енергија, гас и нафта.

-Враќањето во нормала и рестартирањето на животот воопшто од денешен аспект е прилично комплексно и полно со неизвесност. Мојата земја прогласи вонредна состојба, прва во историјата што трае се уште истакна Бислимовски.

Регулаторите од сите земји членки на Енергетската заедница: Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина се дел од Одбор на регулатори на енергетската заедница, чие функционирање е на три столба: координирани регулаторни позиции за енергетската политика, усогласување на регулаторните правила преку границите и споделување на регулаторно знаење и искуство.

Во декември 2019 година, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски беше едногласно избран за претседател на Одборот на регулатори на енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот