Бијонсе и Џеј Зи платија сулуда сума за новата вила: „Го срушија рекордот, а куќата е како бетонски бункер“
Американската пејачка Бијонсе и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи платија неверојатни 200 милиони долари за вила во Малибу, со што го соборија рекордот за цена на недвижност во Калифорнија. Пред нив, најскапа била куќата на Марк Андреесен, кој за вилата платил 177 милиони долари.
Препорачано
На прв поглед, куќата наликува на бетонски бункер, бидејќи е изградена од сиров бетон, а од имотот има поглед кон океанот. За нејзиниот изглед е одговорен јапонскиот архитект Тадао Андо, кој моментално работи и на куќата на раперот Канје Вест во соседството.

Куќата првично ја нарачал Вилијам Бел, познат колекционер на уметнички дела, а за самиот имот платил 14,5 милиони. Беа потребни 15 години за да се изгради куќата.
Интересно е дека огласената цена била многу повисока и изнесувала околу 295 милиони долари. Сепак, Бијонсе и Џеј Зи успеале да се договорат за 200 милиони долари.

Откако Бијонсе и Џеј Зи стапија во брак во 2008 година, парот постојано купуваше и продаваше имоти во Њујорк, Њу Орлеанс, Мајами, Лос Анџелес, Хемптонс итн.


