Фото: Профимедиа

Бесшумна експлозија на главата: Застрашувачко нарушување на сoнот кое погодува милиони луѓе

Дали сте слушнале за синдромот на експлодирачка глава? Експертите го опишуваат како парасомнија во која личноста додека заспива доживува ненадеен гласен звук во главата, без вистински надворешен извор, што предизвикува интензивен страв, забрзан пулс и чувство на збунетост.

Синдромот на експлодирачка глава, познат како ЕХС, спаѓа на парасомниите, група нарушувања на сонот кои се карактеризираат со необични и непријатни доживувања што го прекинуваат сонот. Во истата група спаѓаат и феномени како што се парализи на сонот, кога личноста не може да се помрдне или зборува кога заспива или се буди, како и таканаречените „започнувања на спиењето“, ненадејни неволни треперања на мускулите додека тонеме во сон, пишува „Конверзејшн“ (The Conversation).

Иако името на овој синдром звучи загрижувачки, експертите нагласуваат дека ЕХС не е опасен и не се смета за знак на оштетување на мозокот. Професорката Флејви Вотерс од Факултетот за психолошки науки на Универзитетот во Западна Австралија објаснува дека во оваа состојба личноста „слуша“ ненадеен звук во главата. Тоа е сензорно искуство што се јавува во мозокот, а не вистински надворешен звук, и се јавува при заспивање или будење, најчесто во моментите на сонливост.

Луѓето ги опишуваат епизодите на ЕХС како ненадејни бучави, експлозии, зуење на електрична енергија, трескање врати или огномет. Нападите обично траат само неколку секунди и не оставаат видливи симптоми по целосното будење. Некои имаат само едно такво искуство во животот, додека други минуваат низ повремени епизоди или кратки серии напади пред состојбата спонтано да се смири. Многумина тогаш се плашат дека доживеале мозочен удар или епилептичен напад или дека се случило нешто катастрофално, додека други го толкуваат ова искуство како паранормален или злокобен феномен.

Стравот и непријатноста што ја придружуваат ЕХС не се должат на болка, туку на конфузија и силна реакција на алармниот систем на телото. Мозокот тогаш е делумно буден, дезориентиран и накратко ја активира реакцијата „бори се или бегај“. За оние што се сомневаат дека доживеале такво нарушување, експертите издвојуваат неколку препознатливи знаци.

Првиот и основен знак е ненадеен, гласен звук кој одеднаш го буди лицето, иако во околината нема вистински извор на бучава. Предавачот по психологија на Универзитетот во Јорк, д-р Ден Денис, наведува дека епизодите обично вклучуваат краток, но многу гласен шум за време на преминот од будност во сон. Звуците траат само неколку секунди, се исклучително интензивни и секогаш без видлива надворешна причина.

Повеќето луѓе не чувствуваат физичка болка во текот на нападот, според податоците на Клиниката Кливленд. Сепак, некои заболени пријавуваат краткотрајна главоболка. Физичката болка се јавува кај помалку луѓе.

Синдромот на експлодирачка глава не е ограничен само на аудитивни доживувања. Некои заболени пријавуваат и краткотрајни визуелни халуцинации како блесоци на силна светлина.

Покрај тпа, некои луѓе доживуваат силни телесни сензации во текот на епизодата. Опишани се бранови на интензивна топлина што минуваат низ горниот дел од телото. Вотерс додава дека некои опишуваат „струја што поминува низ телото“ или дури „вонтелесни доживувања“.

Поради ненадејното будење и шокот, изразените физиолошки реакции не се ретки. Некои луѓе чувствуваат засилено работење на срцето. Клиниката Кливленд наведува дека заболените често пријавуваат и препотување, како и отежнато дишење по ненадејното будење.

Во текот на епизодите на ЕХС чести се и ненадејните треперења и грчење на мускулите. Стручната литература наведува дека ЕХС им е познат на лекарите уште од 19 век. Денис истакнува дека синдромот првпат е документиран во 1876 година, додека Вотерс се потсетува на записи според кои францускиот филозоф Рене Декарт можеби доживеал сличен феномен уште во 1619 година. Сепак, современата медицина јасно го опишува како безопасна состојба.

– И покрај неговото драматично име, синдромот на „експлодирачка глава“ е безопасен – нагласува професорот Вотерс.

Точната причина не е до крај разјаснета, но една теорија го поврзува со процесите што стојат зад сензорните халуцинации при заспивањето. Како што објаснува, додека заспиваме, различни делови од мозокот постепено се исклучуваат во прецизно координиран след. Кај ЕХС, тој процес може да биде нарушен со исклучување на невроните кои нормално ја кочат слушната обработката на информациите, па мозокот го толкува ова нарушување како ненадеен гласен звук.

Феноменот ЕХС може да погоди секого, но се јавува малку почесто кај жените. Луѓето кои веќе страдаат од други нарушувања на спиењето, како што се несоница или парализа на сонот, почесто ги пријавуваат овие епизоди. Се проценува дека ЕХЦ се јавува кај најмалку 10 отсто од населението, а околу 30 отсто од луѓето ќе го доживеат барем еднаш во животот.

Како вид самопомош се препорачаува решевањето на проблемите со сонот како што се несоницата, намалувањето на заморот, како и техниките за опуштање, свесноста и вежбите за дишење. Вотерс напоменува дека секако треба да посетите лекар ако епизодите се јавуваат често, значително го нарушуваат квалитетот на животот или предизвикуваат сериозно емоционално страдање.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот