Бесир Алили поради повреда нема да се бори за бронзата на ЕП У23 во Зрењанин
Македонското борење имаше двајца претставници на Европското првенство за натпреварувачи до 23 години што се одржува во Зрењанин, Србија.
Препорачано
Бесир Алили настапи во категоријата до 61 килограм, имаше успешен старт во четвртфиналето со доминантна победа со технички туш, односно 10:0 против Резо Марсагишвили од Грузија.
Во полуфиналето нашиот натпреварувач со резултат 12:5 загуби од Јејхун Алахвердијев од Азербејџан.
За бронзениот медал Алили требаше да се соочи против Украинецот Андриј Шокалиук, но од матичниот клуб Лирија потврдија дека македонскиот борач нема да настапи поради тешка повреда.
Во текот на борбата против Алахвердијев, Алили се здоби со сериозна повреда на лигаментите. По медицинските прегледи, беше донесена одлука да ја прекине борбата и да го напушти душекот.
Иако мечот за бронзата беше закажана за в среда, поради повредата, Алили нема да се појави на душекот со лекарска одлука.
Во женска конкуренција, својот настап го имаше Марија Спирковска која во категоријата до 50 кг загуби во квалификациите против Ана Марија Јанина Ротару од Романија со 3:0.


