Матео Беретини за прв прв ќе игра полуфинале на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Беретини е противникот на Надал во полуфиналето на Австралија Опен

Италијанскиот тенисер Матео Беретини обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен каде го очекува пресметка со Рафаел Надал.

Беретини исто како и Надал, имаше водство од 2:0 во сетови, но победата ја одвојува во петтиот сет, и тоа со 6:4,6:4,3:6,3:6,6:2. Ова ќе биде прво полуфинале за Беретини на Австралија Опен.
Првиот сет Италијанецот го освои за само 37 минути и тоа со 6:4, додека во вториот за истиот резултат Беретини и Монфилс играа дури 62 минути.

Во третиот и четвртиот сет, Монфилс беше подобар противник и со по 6:3 ги освои сетовите и дојде до измранување на 2:2. Во двата сета, Монфилс три пати го одзеде сервисот на Италијанецот, а притоа му дозволи само една брејк топка која успешно ја одбрани.

Во одлучувачкиот сет, Беретино тргна одлично, ги одзеде првите два сервиса на Монфилс и поведе со 4:0 по што рутински го приведе мечот до крајот и си обезбеди полуфинална пресметка со Рафаел Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот