Бебето од култниот албум „Nevermind“ не се откажува: Повторно ја тужи Нирвана

Спенсер Елден/Facebook
Спенсер Елден/Facebook

Човекот кој како бебе беше фотографиран гол за обвивката на албумот „Невермајнд“ (Nevermind) на „Нирвана“, поднесе нова тужба, обвинувајќи го рок-бендот за сексуална експлоатација.

Неговиот претходен случај беше отфрлен од Судот во Калифорнија.

Спенсер Елден првпат поднесе тужба во август 2021 година, барајќи отштета од 150.000 долари од секој од 15-те обвинети – поранешните членови на бендот, Дејв Грол и Крис Новоселиќ, како и наследниците на починатиот пејач Курт Кобејн и фотографот Кирк Ведл.

Во оригиналото судско барање, неговиот правен тим тврдеше дека ниту Елден, ниту неговите законски старатели „не потпишале овластување за употребата на какви било слики од Спенсер, а секако не и за комерцијалната детска порнографија во којашто тој е прикажан“.

Според американскиот федерален закон, жртвите на сексуална злоупотреба на деца можат да тужат секого којшто ги произведува, дистрибуира или поседува материјалите.

На 3 јануари, Судот ја отфрли тужбата на Елден бидејќи неговиот правен тим не одговорил навреме на крајниот рок за еден од барањата. Елден доби 10 дена да поднесе нов случај, коешто тој го направи во средата.

ФОТО | 30 години подоцна: Бебето од омотот на „Нирвана“ го тужи бендот за порнографија

Судијата ја отфрли тужбата за насловната фотографија од бебето на албумот на Нирвана „Nevermind“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот