Барти ја совлада Плишкова за прва титула на „Вимблдон“

Фото: EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Во женското финале на грен слем турнирот „Вимблдон“ во Лондон првата носителка Ешли Барти денеска триумфираше против осмата носителка Каролина Плишкова.

Австралијката успеа во завршната битка на турнирот да ја совлада чешката натпреварувачка со резултат 2:1 во сетови 6:3, 6:7 (4) и 6:3 за скоро два часа игра.

За Барти ова е втора грен слем титула во нејзината кариера, првата ја освои во 2019 година кога беше најдобра на „Ролан Гарос“.

Плишкова која и натаму нема вкусено грен слем трофеј, за првпат играше финале на „Вимблдон“, а беше и финалистка во 2016 година на „УС Опен“.

Утре (недела) кај мажите за трофејот ќе играат првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ и Италијанецот Матео Беретини.

„Вимблдон“: Ивановски се бореше и повреден, на крајот елиминиран од Џонс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот