холандија несреќа фото: скриншот/X

ВИДЕО: Автомобил се заби во луѓе на божиќна парада во Холандија – деветмина се повредени

Автомобил се заби во група луѓе за време на божиќна парада во холандската покраина Гелдерланд, при што беа повредени најмалку деветмина граѓани, пренесуваат локални медиуми.

Според првичните информации, најмалку тројца се тешко повредени.

Холандските медиуми, повикувајќи се на локалните власти, објавија дека полицијата во моментов не е во можност да утврди дали несреќата е намерно предизвикана.

Луѓето кои биле удрени од автомобилот чекале да помине парадата.

Три хеликоптери за брза помош беа испратени во градот Нунспет за да им помогнат на повредените граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот