„Австралија Опен“: Алкараз сигурен против Гаске, Пегула ја елиминираше Марино

фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз беше сигурен во првото коло на „Австралија Опен“. Во три сета го победи Французинот Ришар Гаске со 7:6, 6:1, 6:2.

Израмнет меч беше видовме само во првиот сет, Алкараз и Гаске во неколку наврати пропуштија брејк шанси, па се отиде во тај-брејк. Во 13 гем Гаске водеше со 5:4, но не издржа. Алкараз со серија 3:0 стигна до водство во сетови 7:5.

После тоа веќе немаше дилеми, во вториот сет Алкараз брзо стигна до 3:0 и мирно го приведе тој дел од играта до крај. А во последниот сет Шпанецот играше фуриозо, поведе со 4:0 и лесно дојде до победата.

Во второто коло на турнирот Алкараз ќе игра против Италијанецот Лоренцо Сонего, кој со 4:6, 7:6, 6:2, 7:6 го елиминираше Даниел Еванс од Велика Британија.

Во женска конкуренција се одиграа уште неколку мечеви, Американката Џесика Пегула (петта носителка) со 6:2 и 6:4 ја совлада Канаѓанката Ребека Марино.

Алја Томљановиќ (ВТА. 271) од Австралија направи мало изненадување откако со 7:6 (3), 4:6 и 6:4 ја надигра 40 носителка, Хрватката Петра Мартиќ. Британката Ема Радукану со 6:3 и 6:2 славеше победа над Шелби Роџерс од САД.

Зверев со пресврт до второто коло на „Австралија Опен“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот