Атлетичарка го тужи Најки и бара 20 милиони долари бидејќи ја терале да ослабе

Мери Кеин го обвини Најки дека знаеле за малтретирањето на тренерот Алберто Салазар и не превзеле ништо околу тоа/ фото: EPA/SERGEI ILNITSKY

Американската атлетичарка, Мери Кеин (25) поднесе тужба против сцвојот поранешен тренер Алберто Салазар и производителот на спортска опрема Најки за 20 милиони долари.

Таа го обвини тренерот Алберто Салазар дека со години ја злоупотребувал во рамки на атлетската програма на Најки која во меѓувреме е затворена.
Кеин во 2013 година како голема атлетска надеж се приклучи на тимот на Салазар каде најголемо име беше Мо Фарах.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Cain (@runmarycain)


Згора на тоа, Мери Кеин во 2019 година во разговор за „Њујорк тајмс“ откеи дека од Најки била принудена да ослабе и поради тоа не ги остварила успесите кои и ги предвидуваа, и размислувала дури и за самоубиство.

Сега Кеин поднесе тужба и против тренерот Салазар, а го тужеше и Најки бидејќи знаеле за злоставувањето и не го реагирале за да го спречат.
Проектот Најки Орегон беше укинат во 2019 година откако Американската антидопинг агенција (УСАДА) го казни Алберто Салазар со четири години забрана за работа поради попречување на допинг контролите.

Видео на денот