Ашер нема да земе ниту еден долар за настапот на Супербол

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Ашер беше во центарот на вниманието откако дозна дека оваа година ќе настапи на полувремето на Супербол, кое се смета за еден од најважните настани во годината, но и во кариерата на секој пејач во Америка.

Меѓутоа Ашер нема да биде платен за неговиот настап на Супербол поради маркетиншката вредност на 13-минутното шоу.

45 -годишната ѕвезда ќе го искористи настапт за да ја започне својата година и да ги поттикне стримовите и продажбата на неговиот нов албум „Coming Home“, кој излезе пред два дена.

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Во извештајот на Форбс, се вели дека аранжманот му се исплати на изведувачот поради неверојатно големиот број гледачи кои го гледаат.

По најавата на неговиот настап, Билборд забележа дека заработката на Ашер е зголемена за 7,8 милиони долари од вкупните стримови во САД во септември.

Организаторите на Супербол сметаат дека настапот на пејачот е доволна реклама за имиџот и работата на изведувачот и дека не му треба дополнителен хонорар, пишува „Дејли мејл“.

Пејачот ќе заработува од стриминг на своите настапи на различни платформи како „Spotify“ и на овој начин ќе заработи милионски приход.

Исто така, само 48 часа пред Супербол, Ашер го издаде својот нов, деветти албум „Coming Home“, за прв пат од 2016 година. Настапот на полувремето беше идеална прилика да го промовира новиот албум, кој исто така ќе му донесе многу пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот