Арапските лидери се состанаа за да разговараат за иднината на Сирија – Сиријците не се поканети

EPA-EFE/MOHAMMED AL-RIFAI

Арапските министри за надворешни работи денеска во Јордан се среќаваат со меѓународни претставници за да разговараат за иднината на Сирија – без присуство на Сиријци. Јорданското Министерство за надворешни работи соопшти дека целта на средбата била да се истражат начини за поддршка на земјата за време на транзициската фаза по падот на долгогодишниот лидер Башар ал Асад.

Целта на разговорите е да се гарантира инклузивен политички процес предводен од Сирија, кој ги вклучува сите групи во скршената земја.

Според јордански извори, на состанокот ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на Јордан, Саудиска Арабија, Ирак, Либан, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Катар. Арапските претставници треба да се сретнат со шефовите на дипломатиите на Турција и САД, Хакан Фидан и Антони Блинкен во градот Акаба.

Учествува и претставникот на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, како и специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот