Ангеловски: Има уште многу до ЕП, но возбудата расте! - Слободен печат
ОстанатoСпорт

Ангеловски: Има уште многу до ЕП, но возбудата расте!

Иако главните подготовки за ЕП допрва следуваат, и скопската јунска фаза наметна одредени тактички замисли како решенија.

Со оглед дека бројот на квалитетни одбојкари со репрезентативен потенцијал е објективно ограничен, Матијашевиќ се обидува најде варијанти со кадарот кој му е на располагање.

Овие 20 дена во СРЦ „Кале“- Скопје Иван Андонов добиваше задачи на позициите примач, па дури и коректор, иако во квалификациите играше среден блокер во тандем со Филип Маџунков.

Се испитуваат и младите сили, примачкото дуо Лука Костиќ и Стојан Илиев кои воедно се спремаат и за настапот на Балканијадата во Торино со У20 селекцијата.

Фото: vfmkd.mk

– Од ден на ден возбудата расте, иако до Европското првенство има уште многу. А ако се размисли подобро, и нема премногу време! Затоа се повеќе ја чувствуваме возбудата што кај нас ја предизвикува дебитанството учество на ваков голем настан. На среќата и нема крај – рече либерото на македонската сениорска одбојкарска репрезентација, Дарко Ангеловски.

Потсетува дека во нашата група во Љубљана од 12-17 септември ќе играме против Финска, Турција, актуелниот европски шампион Русија, а по еден ден пауза и со Белорусија и кодомаќинот Словенија.

Селекторот Никола Матијашевиќ е исто така свесен дека рано е да се зборува за било какви амбиции, или за ривалите, фокусот моментно е главно насочен само кон играта на нашите одбојкари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close