Ангелот на „Викторија Сикрет“ Амелија Греј Хамлин призна дека имала сериозни последици од естетските корекции
Ангелот на „Викторија Сикрет“ Амелија Греј Хамлин реши да стави крај на шпекулациите околу својот изглед и отворено проговори за естетските зафати што ги имала, откривајќи дека некои од нив ѝ донеле сериозни последици по здравјето.
Препорачано
Во разговор за „Варајети“, Амелија посебно нагласи дека никогаш немала филери во усните, иако на социјалните мрежи често се шпекулира на таа тема.
„Отсекогаш сум ги имала овие усни“, изјавила таа, додавајќи дека во минатото имала операција на носот, но не сакала да навлегува во детали, бидејќи ѝ било поважно да зборува за искуствата кои имале поголемо влијание врз нејзиното здравје.
Како тинејџерка, на само 16 години, се подложила на операција за намалување на градите откако пирсинг ѝ предизвикал тешка инфекција. Подоцна открила дека тогаш била само неколку часа оддалечена од сепса.
Неколку години подоцна, одлучила да вгради импланти, признавајќи дека таа одлука била донесена од несигурност и притисок од приватниот живот.
„Бев со некој што беше постар од мене додека јас сè уште бев многу млада и дозволив неговата перцепција за убавина да влијае врз моите избори. Се разбудив во тело со кое не се чувствував како јас“, раскажала таа.
За жал, зафатот довел до сериозни компликации имплантите притискале нерви, поради што Амелија имала силни болки и проблеми со движењето на рацете. Сè кулминирало со 14-часовна реконструктивна операција, по која, како што вели, дури тогаш повторно почнала да се чувствува како своја.
На крајот, Греј истакна дека сака да испрати јасна порака за важноста на грижата за менталното и физичкото здравје, но и за тоа колку е опасно одлуките за сопственото тело да се носат под влијание на туѓи очекувања


