Американски дипломати го предупредиле Бајден дека Арапите се „бесни“ на американската поддршка за Израел

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден доби остри предупредувања од американските дипломати во арапските земји дека силната американска поддршка за воената кампања на Израел во Газа доведува до зголемен гнев кај арапската јавност кон Вашингтон, објави Си-Ен-Ен.

Американските дипломати изразија длабока загриженост поради зголемениот гнев кон САД, откако Вашингтон „го поддржа правото на Израел да се брани по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, во кој загинаа повеќе од 1.400 Израелци“.

Во телеграма од американската амбасада во Оман во средата, се наведува дека силната американска поддршка за акциите на Израел во Газа се смета за соучесништво на САД во она што се смета за можни воени злосторства.

Телеграмата од амбасадата во Оман е испратена до Советот за национална безбедност на Белата куќа, ЦИА и Федералното истражно биро (ФБИ).

Во друга телеграма, до која дојде Си-Ен-Ен од американската амбасада во Каиро, Вашингтон, беше пренесен коментар објавен во државните египетски весници дека, како што е наведено, „суровоста на претседателот Бајден и неговата негрижа за Палестинците ги надминаа сите претходни американски претседатели“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот