Американската актерка шокираше кога откри дека нејзините ќеркички уживаат во пиво

Фото: Профимедиа

Холивудската актерка и горда мајка на Линколн (7) и Делта (5) раскажа дека нејзините девојчиња толку се навикнати на вкусот на овој пијалок што дури и го нарачуваат во рестораните.

Актерката Кристен Бел раскажа во еден подкаст дека неодамна ги затекнала своите ќерки како, за време на онлајн предавањето, седат и пијат пиво.

– Тие така си седеа и си пиеа, а јас размислував: „Што мислат другиве родители и наставниците за мене? А потоа веднаш си кажав, не ти е гајле Кристен. Можат само да се претвараат дека правиш нешто погрешно, раскажа таа.

Бел напомена дека нејзиниот сопруг и колега Декс Шепард ја излекувал зависноста од алкохол и наркотици, поради што тие во домот имаат само безалкохолно пиво.

Фото: Инстаграм

Таа раскажа дека нивната постара ќерка, додека се уште била бебе во кенгур-носилката, во која тогаш ја носел нејзиниот татко за време на прошетките имала обичај да се напие малку безалкохолно пиво и дека за Линколн и Делта тоа е начин да се поврзат со нивниот татко.

– За моите девојчиња тоа е сентиментална работа, знаете нели? Така се чувствуваат блиски со татко им, раскажа отворено Кристен.

Фото: Инстаграм

Актерката откри дека на нејзините ќерки вкусот на овој пијалок, кој има помалку од 0,5 проценти алкохол, толку многу им се допаѓа што тие дури и го нарачуваат во рестораните.

Декс Шепард, инаку, неодамна прослави 16 години откако не испил ниту капка алкохол, нешто што Кристен го обележа и на Инстаграм честитајќи му го овој важен датум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот