ФОТО | Аманда Нгујен откри дека била во депресија по критиките за летот на „Блу Оринџ“: „Се чувствував скршено“
Биоастронаутичкиот научник Аманда Нгујен која во април 2025 година учествуваше во првиот целосно женски лет на компанијата „Блу Оринџ“, отворено проговори за психичките последици што ги доживеала по тој настан. Летот NS-31, со кој таа стигна до работ на вселената, предизвика различни реакции во јавноста, пренесува „Ју-ес магазин“.
Препорачано
Нгујен стана првата Виетнамка што патувала во вселената, учествувајќи во историскиот лет заедно со пејачката Кети Пери, Лорен Санчез сопруга на сопственикот на „Блу Оринџ“, Џеф Безос, ракетниот научник Ајша Боу, ководителката на CBS Mornings, Гејл Кинг и филмската продуцентка Керијан Флин.
Настанот предизвика бројни реакции, вклучувајќи и критики поради високите трошоци на летот и приватизацијата на вселенските патувања. Нгујен на 28 декември напиша на Инстаграм дека „реакцијата по летот“ ја довела до длабока депресија, додавајќи дека дури ѝ рекла на Гејл Кинг оти таа состојба може да трае со години.
View this post on Instagram
Таа наведе дека се чувствувала како нејзиното професионално искуство и соништа да биле „закопани под лавина на мизогинија“. Таа додаде дека „обемот на медиумското влијание бил невиден“ и дека дури и „мал дел од негативноста станува огромен“.
„Сè заедно изнесуваше милијарди непријателски впечатоци – напад што човечкиот мозок не е еволуиран да го издржи. Се чувствував како колатерална штета, мојот момент на правда беше уништен“, напиша Нгујен.
Таа откри дека по настанот поминала седум дена во кревет во Тексас, а еден месец подоцна „не можела да зборува без солзи“. Иако било важно јавно да остане силна, признава дека „од сето тоа произлегле и многу добри нешта“.
„Поминаа осум месеци оттогаш и ми е драго што маглата на тагата почна да се крева. Виетнам ме спаси. Моите пријатели кои постојано проверуваа како сум ме спасија. Љубовта на мојата заедница ме спаси. Сите вие ме спасивте“, напиша таа.
Нгујен им се заблагодари на луѓето кои ги ставиле во фокус нејзините истражувања, активизмот и личната приказна, „за тие да не бидат засенети“.
„Во моментите на длабока тага оваа година, се вратив на едно познато место, моето преживеано „јас“, кое пронајде сила да се бори. Колку е ужасно што повторно морав да ја искористам таа способност“, напиша Нгујен.
ВИДЕО | Кети Пери возбудена за мисијата во вселената: „Морам да пеам во вселената“
ВИДЕО | Ракета на Блу Ориџин полета во вселената, една година по несреќата


