Алијансата за Албанците и Алтернатива кон Дуи: Не само што не работиме против Охридскиот договор, туку и го заштитуваме

Алијанса на Албанците/ Фото: Архива на Слободен печат

Од коалицијата Алијанса/Алтернатива објавија реакција откако беа обвинети од ДУИ дека работат против Охридскиот договор. Од коалицијата велат дека не само што не работат против договорот, туку работат да го заштитат.

„Алијансата за Албанците и Алтернатива не само што не се против Охридскиот договор, туку работат да го заштитат истиот од било каква девалвација од луѓе како вас. Ние добро ја разбираме загриженоста на ДУИ и мизерната ситуација во која тие самите избраа да бидат, по две деценискиот неуспех во спроведувањето на Охридскиот договор и во сите други сфери.Почитувани господа, претпочитавте да бидете на панелот и придружувани само од Бранко Црвенковски, Хари Костов, Христијан Мицкоски, Љупчо Георгиевски и така натаму, како што покажува сликата подолу, велат тие.

-Никогаш не очекувајте да бидеме само ваша публика и гледачи на вашите неуспеси, како што не поканивте давајќи им збор само на гореспоменатите лица. Ние секогаш ќе бидеме тука за да ги отстраниме вашите маски и украдените мандати, почнувајќи од локалните избори и веднаш потоа со парламентарните. Лидерите на Албанците, г -дин Зиадин Села и г -дин Африм Гаши се тука, не затоа што сакате вие или не, туку затоа што тоа го сакаат Албанците.“, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот