Алан Ричсон - Фото: Инстаграм/Алан Ричсон

Алан Ричсон е ослободен од обвинение по тепачката со соседот, полицијата утврдила самоодбрана

Актерот Алан Ричсон нема да се соочи со кривична пријава по инцидентот со соседот, откако полицијата во сојузната држава Тенеси утврдила дека дејствувал во самоодбрана, пишува „Гардијан“.

Според видеоснимката објавена од „ТМЗ“, 43-годишниот актер неколкупати го удрил соседот Рони Тејлор додека тој бил на земја. Во близина биле и децата на актерот, кои седеле на мотоцикли и го следеле настанот. Полициската управа во Брентвуд соопштила дека истрагата е завршена и дека нема да има понатамошни правни постапки.

„По разгледување на сите достапни докази, вклучително и снимки и изјави од сведоци, утврдено е дека нема основа за покренување кривична пријава. Заклучено е дека постапките на господинот Ричсон биле во самоодбрана. Иако се разгледувала можноста за обвинение за несовесно загрозување, тој одбил да покрене постапка. Во согласност на надлежното обвинителство, случајот е затворен“, се наведува во соопштението.

Од друга страна, Тејлор изјавил дека претходно го предупредувал актерот поради бучава од возење мотор. Тој признал и дека прв започнал со физички контакт.

„Го турнав затоа што се приближуваше кон мене со моторот. Тоа се случи повторно, па повторно го оттурнав. Мислам дека тогаш слезе од моторот и ме нападна“, рекол тој.

Првичната снимка од настанот била едитирана и не го прикажувала почетокот на конфликтот. Подоцна објавената снимка покажува дека Тејлор истрчал кон актерот, по што Ричсон се обидел да избегне судир.

По кратка расправија, актерот се обидел да се повлече, но Тејлор продолжил да го следи и повторно го турнал, по што дошло до физички судир.

Актерот е познат по улогата на Џек Ричер, поранешен воен полицаец, лик создаден според романите на писателот Ли Чајлд. Серијата доби пофалби за неговата физичка подготвеност и верноста на ликот, особено во споредба со филмската верзија од 2012 година, во која главната улога ја толкуваше Том Круз.

ВИДЕО | Ѕвездата на серијата „Ричер“ снимен како тепа сосед, инцидентот се случил пред деца

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот