Фото: EPA/Скриншот/Ти-ем-зи

ВИДЕО | Ѕвездата на серијата „Ричер“ снимен како тепа сосед, инцидентот се случил пред деца

Актерот Алан Ричсон, познат по улогата во серијата „Ричер“ (Reacher), се најде среде скандал откако во јавноста се појави видео на кое, наводно, физички напаѓа свој сосед во Тенеси. Инцидентот, според достапните информации, се случил среде бел ден и пред неговите деца.

Снимката ја објави „Ти-ем-зи“, а до медиумот се обратил и самиот сосед, Рони Тејлор, кој тврди дека бил жртва на нападот и дека претрпел полесни повреди.


Според неговото сведочење, конфликтот започнал еден ден претходно, кога актерот возел мотор со голема брзина низ мирна населба во близина на Нешвил. Тејлор вели дека му реагирал поради бучавата и брзото возење, по што двајцата размениле навредливи гестови.

Следниот ден, околу пладне, ситуацијата ескалирала. Тејлор тврди дека повторно му се обратил на Ричсон со молба да го намали темпото на возење, но разговорот, како што наведува, прераснал во физичка пресметка. Според неговите тврдења, актерот го удрил со тупаница во лицето и со нога, а потоа и повеќе пати додека бил на земја.

„Ме удри најмалку четири пати“, тврди Тејлор, додавајќи дека се здобил со модринки и отоци.

Случајот е пријавен во полиција и е во фаза на истрага. Засега нема приведувања, а повредите на Тејлор не биле од таков карактер што барале болничко лекување.

Алан Ричсон досега не се огласил во врска со наводите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот