24 C
Скопје

Актерот УМИРАШЕ ПРЕД КАМЕРИТЕ: Падна среде реалното шоу, а тогаш ЗАПОЧНА АГОНИЈАТА која заврши трагично (ФОТО+ВИДЕО)

Тајванската ѕвезда Годфри Гао (35) падна во текот на гостувањето на реалното шоу „Chase me“, во кое натпреварувачите мораат да имаат исклучителна физичка подготвеност со цел да им одговорат на сите предизвици во реалното шоу.

Натпреварувачите во ова реално шоу мораат да пројдат низа препреки и да покажат неверојатна физичка подготвеност. Тоа вклучува тркање, прескокнување на препреки, па дури и спуштање од високи згради со зип-лајн.

Годфри, судејќи според се, не ги поднел добро овие напори и паднал во текот на гостувањето. Продуцентите на емисијата рекоа дека паднал и ја загубил свеста додека трчал, а починал во болница.

https://www.youtube.com/watch?v=R58ZqN_AC10

– Трчаше и само падна. На сетот дојде Итна помош која веднаш започна да го реанимира и го префрли во болница, изјавија од продуцентската куќа која го снима реалното шоу. „За жал по два часа обидување да го вратат во живот, тој таму доживеал уште еден срцев удар“, додадоа тие.

Од телевизијата Феникс претходно соопштија дека шоуто е измислено да ги принуди натпреварувачите да ги надминат сопствените физички граници и учесниците главно се во добра форма.

Годфри Гао порасна во Ванкувер, а стана популарен во Кина по почетокот на емитувањето на телевизиската драма „Remembering Lichuan“. Исто така, глумеше и во холивудските остварувања „Инструмент на смртта: Град на коските“, а беше првиот азиски машки модел кој сними реклама за Луј Витон.

 

Поврзани вести

По итната хоспитализација се огласи Роберт Де Ниро: Се срушив од болка!

Слободен печат

Скопјанката Марина преживеа пекол: Тепањето и модринките ни стана секојдневие, едвај со синот побегнавме од насилникот

Мими Стојановска

Ова е најлошата работа која можете да ја чувате во паричникот!

Слободен Печат

ФОТО: Водителката Ирена Спировска на „Прв до врв“ уште еднаш покажа дека годините се само бројка

И. Т.

Избегнете труење: Кое месо колку време може да го чувате во фрижидерот и замрзнувачот?

Слободен печат

Пролетно ризото и риба: Свежи шпаргли, арборио ориз и малку бело вино

Слободен печат

Остави Коментар