Актерката го откри суровиот план на Том Круз: Чека само една работа за да ја воведе ќерка си во Скиентологијата

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Лија Ремини изнела шокантни детали кои наводно ги дознала уште додека била член на Скиентолошката црква…

Поранешната припадничка и приврзаничка на Скиентошолкото учење, актерката и активистка Лија Ремини (50) го коментираше односот на холивудскиот актер Том Круз (58) со својата 14-годишна ќерка Сури Круз, која ја доби во бракот со актерката Кејти Холмс (41).

Фото: Профимедиа

Имено, славната актерка изнесе шокантни тврдења и својата исповед ја започна со зборовите:

– Скиентологијата смета дека Кејти е супресивна личност и непријател и затоа Том верува, како и сите скиентолози, дека тој не може да биде поврзан со Сури додека девојчето малку не се оддели од мајка си, изјави Лија.

– Сигурна сум дека неговиот главен план е да почека Сури да порасне со цел да ја намами во Скиентологијата и да ја оддалечи од својата мајка, додава таа.

Фото: Профимедиа

– Кејти ја познавав кога беше во Скиентологијата и изгледаше дека е многу присутна во светот на Том, но како времето поминуваше, разбрав поради што таа го направи сето тоа со цел да ја заштити својата ќерка. Претпоставувам дека постои некаков вид на договор за да го заштити своето дете, додаде таа.

Фото: Профимедиа

Лија откри дека е „многу горда“ на Кејти затоа што ќерката ја извлекла од опкружување кое потенцијално би било многу токсично и опасно не само за Сури, туку и за нивниот однос.

Да се потсетиме, Лија беше член на Скиентологијата до 2013 година, додека во светот на познатите Том Круз се уште е нивен најверен припадник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот