Ако нема публика на трибините, нема да има ниту Ролан Гарос

Министерката за спорт на Франција, Роксана Марасинеану изјави дека Ролан Гарос чиј старт е презакажан за 27 септември нема да биде одржан доколку не се дозволи да има навивачи на трибините.

Турнирот според календарот требаше да се одржи од 24. мај до 7. јуни, но организаторот го премести за крајот на септември поради пандемијата на коронавирусот.

Во меѓувреме француската Влада ги забрани сите спортски настани на кои може да се доберат до 5.000 луѓе до септември, а меѓу нив е и најпознатата велосипедска трка Тур де Франс.

– Доколку состојбата со коронавирусот се подобри во септември, сите натпреварувања кои се во календарот, па дури и Ролан Гарос и Тур де Франс ќе се одржат. Тие ќе бидат одржани само доколку има дозвола за присуство на навивачи. Ако е забрането да има публика, тогаш нема да се одржат – изјави Марасинеану.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот