Агонијата продолжува: Се бара таксистот кој не го качи Матеј Периш

Се бара таксистот кој не го качи Матеј во возилото/Фото: Скриншот

Вчера објавените снимки од видео надзор покажуваат дека исчезнатото момче од Сплит Матеј Периш се обидува да влезе во такси во Караѓорѓевата улица во Белград, па интензивно се трага по таксистот кој разговарал со него, но не го качил во своето такси возило.

Александар Бјелиќ, претседателот на Сојузот на авто такси здруженијата на Србија вели дека ќе сторат се што е во нивна моќ да го откријат таксистот кој не го качил Матеј критичната вечер кога исчезнал.

– Снимката ја прегледавме повеќе од 10 пати но не успеавме да го видиме бројот на регистарската табличка на возилото, ниту пак што пишува на такси таблата, снимката е лоша и не успеваме да видиме ништо што би помогнало да се најде таксистот. Ние и натаму ќе се обидуваме да направиме се што е во наша моќ, ако дознаеме кој е колегата, за тоа ќе ги известиме надлежните, рече Бјелиќ за српските медиуми.

Инаку, на вчерашните снимки од ноќта кога исчезна младиот Хрват во Белград на кои се гледа момче кое одговара на описот на Периш како трча во близина на Бетон салата цел час. Неговиот татко Ненад Периш потврди дека на тие снимки е неговиот син, но негираше дека тој е момчето кое влегува во реката Сава, момент што исто така го има на една од снимките.

Нови снимки од кобната вечер, полицијата најде предмет на исчезнатиот Матеј

Видео на денот