Кобна локација: Таму каде што исчезна Матеј, пред две години пронајден Германец во локва крв

Местото покрај Сава каде исчезна Матеј Периш од Сплит/Фото: Скриншот

Српските медиуми вечерва потсетуваат дека на локацијата каде последен пат е виден исчезнатиот сплитќанец Матеј Периш (27), пред две години на речиси истото место, во близина на салата Бетон, убиен е 33-годишниот Михаил Херман.

Станува збор за германски државјанин чие исчезнување во ноември 2019 година во белградската полиција го пријавил неговиот пријател, исто така Германец. Херман последен пат бил виден во ноќен клуб на Сава, кога се разделил од група пријатели.

Херман бил пронајден од полициска патрола во локва крв. Како што тогаш се претпоставуваше, тој околу 4 часот и 30 минути паднал од покривот на Бетон салата, на терасата на еден од локалите од висина од околу шест метри, а оттаму на шеталиштето.

Херман е пронајден жив, но онесвестен и во алкохолизирана состојба и веднаш е пренесен во Ургентниот центар каде за жал починал. Тогаш имаше сомневање дека бил турнат или дека некој го удрил со тап предмет, но тоа остана нејасно, а неговата смрт е мистерија до ден денес.

Две години подоцна, ноќта меѓу 30 и 31 декември, Матеј Периш (27) од Сплит исчезнал во близина на салата Бетон откако го напуштил белградскиот клуб „Готик“. Околу 2.30 часот на младиот човек кој со пријателите дошол во Белград на новогодишната ноќ му се губи трагата.

Тие седуммина во четвртокот вечерта прво отишле на вечера во ресторан во Бетон сала, а потоа во клубот „Готик“. Кога во еден момент друштвото сфатило дека Матеј веќе некое време го нема, почнале да го бараат внатре. На излегување од клубот сфатиле дека јакната му останала во гардеробата.

Тие ја продолжиле потрагата наоколу. По пребарувањето, пријателите заминале во сместувањето, каде што се надевале дека ќе дојде наутро. Кога тоа не се случило, ја контактирале полицијата. Во неделата во Белград пристигна и Ненад Периш, таткото на исчезнатото момче, кој постојано истакнуваше дека има доверба во српската полиција и дека сака само да го пронајде синот.

Видео на денот