ВИДЕО | Мистеријата се продлабочува: Таткото на Матеј вели дека не е на сите снимки неговиот син

Ненад Периш / фото: Јутјуб/РТЛ/принтскрин

Момчето од Хрватска кое исчезна во Белград во ноќта меѓу 30 и 31 декември, Матеј Периш, не е на сите снимки кои ги објавија медиумите, вели неговиот татко, Ненад Периш.

Откако момчето исчезна по излегувањето од клубот „Готик“, се појавија неколку снимки за кои се тврдеше дека се од исчезнатиот Матеј.

Но, таткото, Ненад, во изјава за „Индекс“ вели дека неговиот син дефинитивно е на снимката на која се гледа како трча по улица и запира такси-автомобил, но демантира дека Матеј е момчето кое плива во реката Сава, на второто видео кое беше објавено.

„Не знам што објавија медиумите, но не е на сите снимки кои се појавија Матеј. На некои од снимките е тој, но се појавуваат и видеа кои немаат никаква врска со Матеј и не знам зошто се прави тоа“, вели Ненад Периш за „Индекс“, додавајќи дека ова ѝ ја отежнува работата на полицијата во потрагата по неговиот син.

Фото: Принтскрин

Тој понатаму вели дека не верува оти снимката во која момче плива во Сава е направена таа вечер. Периш наведува дека тој целиот живот бил ватерполист и дека нема шанса некој така да плива во вода со температура од пет степени, колку што била ноќта меѓу четвртокот и петокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот