Адвокатот на Џони Деп: Амбер бараше бесплатно да живее во неговите станови

Амбер Херд се заканила дека ќе побара забрана за приближување доколку Џони Деп одлучил да не ѝ дозволи повеќе да живее бесплатно во три од неговите пентхауси во Лос Анџелес, тврди адвокатот на актерот за време на судењето во Ферфакс, Вирџинија, пренесуваат странските медиуми.
Тој покажа документи од адвокатката на Амбер од 2016 година, кои вклучуваат листа на финансиски барања на актерката. Во 2016 година, како што тврдат, до адвокатот на Деп било испратено писмо во кое се наведува дека Амбер не поднела забрана за приближување, туку дека „сака да најде долгорочни решенија“.

Писмото било испратено три дена откако поранешните сопружници се скарале, а Амбер тогаш тврдела дека актерот ја удрил со мобилен телефон. Во писмото, тогашната адвокатка на Амбер, Саманта, побарала и 100.000 долари за адвокатски трошоци и 25.000 долари за форензички сметководствени трошоци.
„Како што можеби знаете, Џони Деп ја нападна Амбер и ѝ се закануваше. Има неколку сведоци на овој инцидент и има фотографии на кои се гледа материјалната штета што Џони ја предизвикал. Ова не е прв ваков инцидент. Во изминатите шест месеци имаше уште два“, се вели во писмото.

Адвокатката тврдела дека Амбер „сакала да најде брзо приватно и семејно решение“ пред да го објави списокот со барања. Херд потоа побарала користење на црн „Range Rover“, но на крајот поднела барање за привремена забрана за приближување. Не е познато за што тогаш се договориле адвокатите на Деп.
Деп децидно ги негира обвинувањата за какви било злоставувања од негова страна.
Повеќе написи на темата:
ВИРАЛНО ВИДЕО | Адвокатката на Амбер Херд е обожавателка на Џони Деп?
ФОТО | Временски приказ на романсата помеѓу Илон Маск и Амбер Херд
Завршните зборови на Џони Деп: Бев жртва на семејно насилство
ВИДЕО | Психолог сведочеше: Амбер Херд има нарушувања на личноста
ВИДЕО | Адвокатот на Амбер побара приговор на сопственото прашање: Џони Деп добро се изнасмеа
Џони Деп сведочеше против поранешната сопруга: Мојата цел е вистината