ВИДЕО | Психолог сведочеше: Амбер Херд има нарушувања на личноста

Судење, Амбер Херд, Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI / POOL

Во судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд, актерката беше обвинета од нејзиниот поранешен сопруг за лажни наводи за злоупотреба.

Во последниот развиток од судењето, форензичкиот психолог Шенон Кари сведочеше во корист на Џони Деп. Кари ја претстави својата дијагноза на Амбер Херд и изјави пред судот дека актерката има две растројства на личноста: гранично и хистрионско растројство на личноста.

Џони Деп, Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI / POOL

Две растројства на личноста: гранично и хистрионско растројство на личноста

Психологот рече дека дошла до дијагнозата за време на 12-часовен разговор со Амбер, како и преглед на наодите за нејзиното ментално здравје

Кари исто така сведочеше дека Херд не страда од посттрауматско стресно растројство поради врската со Деп, како што тврдеше актерката. Тимот на Деп се надева дека сведочењето на психологот ќе го зајакне нивното тврдење дека Херд била насилникот во проблематичната врска на парот.

Според експертот, двете наведени растројства на личноста се слични. Граничното растројство на личноста е болест на нестабилност, водена од фундаменталниот страв од напуштање, вели психологот. Хистрионското растројство на личноста, рече Кари, е поврзано со „драма и плиткост“ и потреба да се биде во центарот на вниманието.

Таа рече дека постои корелација во нарушувањето со луѓе кои се физички привлечни и „го користат својот изглед за да го привлечат тоа внимание“.

Шенон Кари, Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI / POOL

Амбер му викала дека е пропаднат актер

Неколку соработници и членови на семејството на Џони Деп веќе сведочеа пред судот дека Амбер вербално го малтретирала нејзиниот сопруг. Слично изјави и Тара Робертс, која 15 години управуваше со имотот на приватниот остров на Џони Деп. Робертс тврдеше дека Амбер Херд го повредила Деп со лименка за време на тепачка во 2015 година.

„Таа му кажа дека е пропаднат актер, дека ќе умре како дебел осамен старец. Тогаш го слушнав Џони како вели: ме удри со лименка“, вели Робертс.

Амбер Херд, Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI / POOL

Повеќе написи на темата:

ВИДЕО: Адвокатот на Амбер побара приговор на сопственото прашање, Џони Деп добро се изнасмеа

ВИДЕО | Амбер Херд пред судот тврдела дека ги покривала модриците со шминка: Се огласија од козметичката компанија

ВИДЕО | Шокантно сведочење на Џони Деп: Амбер ме удираше со тупаници, креветот ми го намачка со фекалии

Нови детали од судењето: Поранешната на Џони Деп имала тројка со Илон Маск и познат модел

Џони Деп сведочеше против поранешната сопруга: Мојата цел е вистината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот