ВИДЕО | Адвокатот на Амбер побара приговор на сопственото прашање: Џони Деп добро се изнасмеа
Видеото од судењето меѓу Џони Деп и Амбер Хард стана вирално поради реакцијата на актерот во моментот кога нејзиниот адвокат Бен Ротенборн побара приговор на сопственото прашање.
Препорачано
Сцената се случила за време на сведочењето на пријателот на Деп, Бен Кинг, кој го опишувал инцидентот во кој на актерот му бил отсечен прстот.
Ротенборн ја прекина неговата изјава поднесувајќи приговор, што предизвика конфузија кај многумина во судницата, вклучително и кај судијката.
„Но чекајте, вие го поставивте прашањето“, се слуша како му одговара судијката, што предизвика смеа кај Деп и неговиот адвокат.
Not #AmberHeard ‘s lawyer objecting to his own question ??? – and #JohnnyDepp losing it ?? even poor Ben King is shocked. #JusticeForJohnnyDepp pic.twitter.com/pzqOjqAXKi
— daniela c. ♡ (@daniisacuevas) April 25, 2022
Да се потсетиме, Деп ја тужи својата поранешна сопруга за клевета поради напис од 2018 година во Вашингтон пост во кој таа тврдеше дека била жртва на физичко и емоционално малтретирање. Своето сведочење актерот го заврши велејќи дека всушност тој бил жртва на семејно насилство.
Многу од сведоците на Деп тврдат дека Херд го малтретирала нејзиниот сопруг, а неговиот шеф на обезбедувањето донел фотографии на кои, како што тврди, се гледаат модринки на Деп откако неговата сопруга го удрила и му згаснала цигара на лицето.
Судењето се уште е во тек.


