Завршните зборови на Џони Деп: Бев жртва на семејно насилство

џони деп
Поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд / Фото: EPA-EFE

Заврши сведочењето на Џони Деп во судскиот процес што го покрена против неговата поранешна сопруга Амбер Херд. На крајот од неговото сведочење, тој беше испрашуван од неговата адвокатка Камил Васкез, а актерот својата изјава ја заврши со изјавата дека бил жртва на семејно злоставување.

Адвокатскиот тим на актерот како доказ пред судот изнесе и видео во кое Џони Деп и Амбер Херд жестоко се расправаат.

„Кажи му на целиот свет, Џони, дека си жртва на насилство. Кажи: Јас, маж, сум жртва на семејно насилство“, му вели Амбер на Џони во видеото.

„Што ѝ одговоривте на Амбер на она што го слушнавме?“, го праша адвокатката. „Одговорив дека сум“, истакна актерот.

џони деп
Поранешните сопружници / Фото: EPA-EFE

Деп ја обвинува Херд дека го злоставувала и физички и психички

Џони Деп во последните денови пред судот се обидуваше да докаже дека тој бил жртва на семејно насилство, а не неговата сопруга. Деп тврди дека Херд во жарот на расправија го удрила со стаклено шише кое му отсекло дел од прстот и дека често физички го напаѓала.

Деп пред судот како доказ донесе и видео во кое Амбер признава дека го тепала својот сопруг.

„Те удрав шамари, не те удирав боксови… Не знам какви беа движењата на рацете, но добро си. Не те повредив. Престани да бидеш бебе, Џони“, вели лутата Амбер во видеото што го донел Деп како доказ пред судот.

Многу од сведоците на Деп тврдат дека Херд го злоставувала нејзиниот сопруг, а неговиот шеф на обезбедувањето донел фотографии на кои, како што тврди, се гледаат модринки на Деп откако неговата сопруга го удрила и му згаснала цигара од лицето.

Повеќе написи на темата:

ВИДЕО | Психолог сведочеше: Амбер Херд има нарушувања на личноста

 

ВИДЕО | Адвокатот на Амбер побара приговор на сопственото прашање: Џони Деп добро се изнасмеа

 

ВИДЕО | Амбер Херд пред судот тврдела дека ги покривала модриците со шминка: Се огласија од козметичката компанија

 

ВИДЕО | Шокантно сведочење на Џони Деп: Амбер ме удираше со тупаници, креветот ми го намачка со фекалии

 

Џони Деп сведочеше против поранешната сопруга: Мојата цел е вистината

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот