ВИРАЛНО ВИДЕО | Адвокатката на Амбер Херд е обожавателка на Џони Деп?

Судење, Фото: Instagram

Холивудското судење на векот меѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, станува бизарно во ерата на социјалните медиуми. Додека поротата во судот во Вирџинија ги слуша сведоците Деп и Херд, „поротата“ на социјалните мрежи веќе го прогласи актерот за победник поради адвокатскиот тим на Амбер Херд.

Фановите на Џони Деп на „TikTok“ споделуваат видео од премиера на Џони Деп во 2013 година во Лондон, во која Деп не е главниот лик. Главниот лик во видеото е обожавателката во позадина која со камера го чека актерот на црвениот тепих. „TikTok“ поротата тврди дека обожавателката од црвениот тепих потсетува на Елејн Бредехофт, адвокатката на Амбер Херд.

Елејн Бредехофт, Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI / POOL

Видеото досега е прегледано речиси 13 милиони пати

@johnnydepp80s yeah it’s real💀 #justiceforjohnnydepp #johnnydepp #johnny #depp #fy #foryou #4u #johnnydeppforever #ambersmflawyer #omg ♬ Originalton – Meow 😩

Поранешната двојка, која се венча во 2015 година, а се разведе една година подоцна, е на суд бидејќи Деп ја обвини Херд дека му наштетила на јавната репутација и кариера со написот во „Washington Post“ во кој алудира на тоа дека физички ја малтретирал за време на врската. Деп бара отштета од 50 милиони долари од сопругата со судски трошоци од 350.000 долари.

Повеќе написи на темата:

Завршните зборови на Џони Деп: Бев жртва на семејно насилство

ВИДЕО | Психолог сведочеше: Амбер Херд има нарушувања на личноста

ВИДЕО | Адвокатот на Амбер побара приговор на сопственото прашање: Џони Деп добро се изнасмеа

ВИДЕО | Амбер Херд пред судот тврдела дека ги покривала модриците со шминка: Се огласија од козметичката компанија

ВИДЕО | Шокантно сведочење на Џони Деп: Амбер ме удираше со тупаници, креветот ми го намачка со фекалии

Џони Деп сведочеше против поранешната сопруга: Мојата цел е вистината

ФОТО+ВИДЕО | Мачни детали од судницата: Отсечениот прст на Џони Деп го пронашле на подот, лицето му било со модринки

Судот застана на страната на актерот: Џони Деп побара доказ дека Амбер Херд ги донирала седумте милиони долари од разводот

ВИДЕО | Шокантно сведочење на сестрата на Џони Деп: Наместо да избира ковчег за мама, тој се караше со Амбер

Пријател на Деп се расплака на суд: Многу луѓе се погодени од оваа злонамерна лага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот