ВО ЖИВО | Претседателски избори во Македонија

Граѓаните вчера гласаа на  седмите претседателски избори, а во трка беа седум кандидати.

Под број еден на гласачкото ливче беше Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и Коалицијата, потоа број два Гордана Силјановска Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ под број три,  под број четири на гласачкото ливче е Бујар Османи кандидат на ДУИ, Билјана Ванковска поддржана од Левица под број пет, број шест беше Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и кандидатот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски под реден број седум.

Во вториот круг ќе се тркаат кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска-Давкова со освоени 362.682 гласови и кандидатот на СДСМ, Пендаровски со освоени 180.306 гласови во прв круг.

Следете ги ВО ЖИВО од минута во минута вестите за претседателските избори:

 

Претседателски избори 2024

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот