Пендаровски од Ресен: Ние ја внесовме државата во НАТО и почнавме преговори со ЕУ, тие најавуваат репреговарање на договорите

Пендаровски ги повика жителите на Ресен во среда да размислуваат за иднината на државата во целина, бидејќи само опцијата број 1 нуди просперитетна иднина.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу жителите на Ресен.

Повикувајќи ги граѓаните да се обединат и помасовно да излезат на гласање на 8 мај, Пендаровски посочи дека неговата и понудата на противкандидатката се дијаметрално спротивни.

,,Јас нудам прогрес, тие нудат враќање назад. Ние ја внесовме државата во НАТО и почнавме преговори со ЕУ, тие најавуваат репреговарање на договорите кои го овозможија тоа. Со нас има слобода на говор, тие, ако се дограбат до власт, ќе апсат новинари и ќе имаме режим број 2″, рече Пендаровски пред ресенчани.

Во оваа насока, истакна Пендаровски, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, државата беше во приватна сопственост и ги деградираа граѓаните во зависност од тоа дали некој гласал за нив или не. Истовремено, го осиромашија народот, а за себе и за своите фамилии грабаа без контрола.

,,Дојдоа скромни, си заминаа како мултимилионери”, потенцираше Пендаровски. И додаде дека граѓаните не смеат да дозволат да се вратат пак на власт и да ја уназадат државата. Пендаровски ги повика жителите на Ресен во среда да размислуваат за иднината на државата во целина, бидејќи само опцијата број 1 нуди просперитетна иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот