7 причини зошто е добро да шетате по дождот: Нема подобар лек против депресија!

Фото: Профимедиа

Кога деновите се дождливи, тоа не смее да ве спречи да излезете на прошетка. Токму шетањето по дождот е нешто што го закрепнува телото и физички и психички.

Шетањето по дождот може да ве зацели бидејќи има магична способност да го смири умот и да ве ослободи од лоши мисли и емоции.

Мирисот на земјата по дождот има дури и свое име – петрикор.

Зборот потекнува од грчкиот збор petra, што значи камен, и ichor што значи течност која тече во вените на боговите во грчката митологија. Изразот во 1964-та година го креирале научниците Изабела Џои Бер и Родик Г. Томас за статија во магазинот „Nature“.

Фото: Профимедиа

Тие во научниот труд зборувале за тоа дека специфичниот мирис по дождот се појавува поради комбинацијата на хемикалии. Факт е дека за време на остуството на дождови билките лачат масла кои ги апсорбираат земјата и карпите.

7 докажани благодети од шетањето по дожд

– Мирисот на дождот го смирува умот

– Високата влажност е многу корисна за кожата и косата. На крајот, дождовните капки содржат хемиски елементи кои ја обновуваат нашата кожа – таа станува свежа и одморена.

– Јапонските научници докажаа дека вежбањето по дожд ги согорува мастите повеќе во однос на вежбањето на суво или топло време.

Фото: Профимедиа

– Дождовните капки ги впиваат прашината и бактериите, па додека шетате по дождот вие истовремено уживате и во свежиот воздух.

– Шетањето по дождот ве принудува да се чувствате среќно, бунтовно, да се радувате и да се смеете. Дождот отвара повеќе сетила во човековото тело.

– Дождот ни помага умствено на своите проблеми да гледаме мирно и без паника, благодарение на неговиот специфичен шум, кој докажано го смирува телото.

Фото: Профимедиа

– Бидејќи луѓето ретко шетаат на дождот, ќе уживате во мир и тишина на улиците.

Доколку дождот е прекрасен кога спиеме, зошто не би бил уште попрекрасен да сме надвор со него во директна интеракција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот