18 спортски федерации: Тупурковски и Попоски како нивна приватна забава го сфаќаат олимпизмот!

Фото: mok.org.mk

Денеска вкупно 18 национални спортски федерации, предводени од Атлетска федерација, Боречка Федерација и Боксерска Федерација излегоа со соопштение за јавноста непосредно пред денешното собрание каде што ќе се избира нов претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Во текот на вчерашниот ден членовите на Управниот одбор ја отфрлија кандидатурата на Александра Војнеска-Зикова со што се фрла голем сомнеж на денешниот избор.

Чудни игри пред утрешниот избор за претседател на МОК, одбиена кандидатурата на Војнеска Зикова

– Првите луѓе на Олимпискиот Комитет Васил Тупурковски и генералниот секретар Сашо Попоски уште еднаш покажаа дека олимпиското движење го сфаќаат како нивна приватна забава и фамилијарен бизнис, рушејќи ги сите начела на олимпизмот со недозволување на демократија, јавност во работењето и нормално спортско функционирање.

Ние, како спортски федерации од олимписките спортови во Македонија, веќе неколку години се бориме за да се смени овој начин на функционирање на Олимпискиот Комитет, а случувањата од последниве неколку дена уште еднаш ни потврдуваат дека нашата борба е оправдана.

Ние само бараме коректно изборно собрание по сите законски норми, без сопки и игранки од секретарот Поповски. А во духот на олимпизмот нека победи подобриот.

Филипчев: Ќе поднесеме кривични пријави доколку не ни се дозволи да гласаме на Изборното собрание на МОК

Прекршувања на Статутот, злоупотреба на законите, но и заобиколување на олимписките начела има многу, но ќе наведеме само неколку:

Прво, Управниот одбор самостојно презема ингеренции на Собранието и се стави над над него како највисок орган, со донесување на ограничувачки и дискриминаторски критериуми при кандидирање што е незаконски и не е предвидено во Статутот.

Второ, затоа што се прифаќа како делегат во Собрание претставник на непостоечка пливачка федерација, а не се прифака претставник од законската федерација, која е запишана во Централниот регистар.

Трето, на чуден начин на 24 часа пред одржувањето на Собранието, нестатутарно е доведена во прашање кандитурата на еден од кандидатите, со што е направено грубо прекршување на изборниот процес.

Четврто, од страна на Олимпискиот Комитет се испраќаат полномоштва до Федерациите, за тоа кој треба да биде делегат од Националната федерација, наместо Федерациите кои се членови на Собранието сами да си го определат претставникот.

Заради сите овие прекршувања и злоупотреби и нашите очекувања тие да продолжат и на денешното Собрание, а изборот да се претвори во фарса креирана од Тупурковски и Поповски, сакаме да ги предупредиме дека нема да го толерираме тоа и ќе бидиме принудени да поднесеме кривични пријави за злоупотреба на службена положба и фалсификување – стои во соопштението на 18 национални спортски федерации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот