Чудни игри пред утрешниот избор за претседател на МОК, одбиена кандидатурата на Војнеска Зикова

Од одлуката на Управниот одбор на МОК се гледа дека тие фаворизираат еден кандидат, но не се сомневам дека на утрешното собрание ќе биде прифатена мојата кандидатира – вели Александра Војнеска-Зикова

Изборот на челници на спортските федерации не може да помине без проблеми и скандали и на ден пред изборот за нов претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК), членовите на Управниот одбор ја отфрлија кандидатурата на Александра Војнеска-Зикова со што се фрла голем сомнеж на утрешниот избор.

Војнеска-Зикова заедно со Даниел Димовски се двајцата кандидати за наследник на Васил Тупурковски кој е единствениот претседател на МОК од неговото формирање.

Управниот одбор на МОК одлучил да ја отфрли кандидатурата на претседателската на Атлетската федерација на Македонија бидејќи кандидатот мора да има стаж од најмалку четири години на раководна функција на македонска спортска федерација.
Војнеска-Зикова е една година на чело на АФМ, но претходно четири години беше потпретседателка на истата Федерација.

Ваквата одлука на УО на МОК предизвика огромен револт кај  Александра Војнеска Зикова и заедно со нејзините привзраници правдата ќе ја бараат на утрешното Собрание на МОК што е најава за жестока битка за наследник на Тупурковски. Жестока битка најави и Војнеска Зикова.

Пред да ја поднесам кандидатурата се консултиравме со адвокати, згора на тоа нашиот секретар исто така е адвокат и затоа се кадидирав бидејќи според законот ги исполнувам условите. Ние се водиме според законот за здруженија и фондации каде во член 21. стои дека секое лице кое што може да донесува одлуки е одговорно лице и функцијата на потпретседател е токму тоа, дури и генералниот секретар на федерациите ги исполнува условите пропишани од МОК.  Пред неколку дена кога ги објавија имињата на кандидатите тие објавија дека јас имав 13 гласа, а противкандидатот 34, но како што наближува денот сфаќаат дека ситуацијата е поинаква и мојата поддршка од федерациите е поголема. Тие бараат начин да има само еден кандидат, не ни дадоа идентичен третман но како што сфаќаат дека ситуацијата е поинаква и мојата поддршка е далеку поголема, решија на 24 часа пред Собранието да ме елиминираат – вели Војнеска – Зикова која вели дека ќе се појави на утрешното Собрание и ќе биде прифатена нејзината кандидатура.
Прв пат во историјата имаме легитимно собрание каде конечно мнозинството е кај спортските федерации, а не кај пријателите на МОК, прв пат има и жена за кандидат, но тие сепак бараат начин како да ме елиминираат од трката. Собранието е највисок орган кое може да носи одлукиза сите работи и убедена сум дека моите зебелешки ќе бидат прифатени со што и ќе имаме двајца кандидати за претседател на МОК – додава Александра Војнеска-Зикова.

Од друга страна, Даниел Димевски е поранешен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, и е поранешен советник на премиерот Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот