Филипчев: Ќе поднесеме кривични пријави доколку не ни се дозволи да гласаме на Изборното собрание на МОК

Слободен печат

Како што беше најавено во пресрет на изборното Собрание на Олимпискиот комитет на Република Северна Македонија, Националната пливачка федерација како членка на олимпискиот комитет на Република Северна Македонија ги образложи актуелните проблеми во врска со пливањето во нашата земја, проблемите со Олимпискиот комитет и појавувањето на непостоечки правни субјекти кои се поддржани од страна на олимпискиот комитет од нивни лични интереси.

Како што е веќе и најавено од МОК, кандидати за нов претседател на Олимпискиот комитет се Александра Војнеска Зикова и Даниел Димевски.

Претседателот на Националната пливачка федерација Александар Филипчев апелира да им биде дозволено со свој претставник да учествуваат на утрешното Изборно собрание (28 октомври 2020 година).

Филипчев ја известува јавноста дека доколку од страна на Олимпискиот комитет на Северна Македонија не им биде дозволено учество на претставник на Националната пливачка федерација, ќе следуваат кривични пријави.

– Доколку на претстојното Изборно собрание од страна на Олимпискиот Комитет на Северна Македонија (ОКСМ) не биде дозволено учество на претставник на Националната Пливачка Федерација, туку наместо нас се дозволи учество на таканаречената и правно непостоечка и измислена „Пливачка федерација на Северна Македонија” (со самонаречен претседател Александар Маленко) кој е нерегистриран субјект во Централниот регистар на Република Северна Македонија, тогаш ќе поднесеме кривични пријави против: Претседателот на МОК Васил Тупурковски, Генералниот секретар на ОКСМ Сашо Поповски, членовите на верификационата Комисија на изборното собрание на ОКСМ, записничарот и оверувачите на записникот од собранието на ОКСМ закажано да се одржи за 28.10.2020 година – рече Филипчев.

Воедно првиот човек на НПФ додаде дека Александар Маленко лажно се претставува како претседател на непостоечката Пливачка федерација на Северна Македонија.

– Собранието на ОКСМ иако претходно писмено и со приложени дикументи од Централниот регистар се известени од нас дека Пливачка Федерација на Северна Македонија со претседател Александар Маленко не е регистрирана во Централниот Регистар на Република Северна Македонија, дека не постои и дека е измама. На минатото собрание на Олимписки Комитет на Северна Македонија што се одржа на 21.12.2019 година раководството дозволи учество на федерација што никаде не постои во институциите на државата за што ние против членовите на верификациона комисија, против оверувачите на записникот и против лажно претставениот делегат на непостоечката федерација кој со својот потпис го потврдил учетсвото на тоа собрание Владимир Пејковски веќе испративме кривични пријави – додаде Филипчев.

Претседателот на НПФ го повика Јавното обвинителство на Република Северна Македонија да утврди дали Олимписки Комитет на Северна Македонија во изминатите година дена, финансирал проекти и исплаќал средства на „Пливачка Федерација на Северна Македонија”.

Исто така беа презентирани документи од Централен регистар на Република Северна Македонија каде се гледа дека Александар Маленко кој беше претседател на Пливачката Федерација на Македонија е разрешен и на негово место е избран Александар Филипчев, а на истото собрание Пливачката Федерација на Македонија е преименувана во Национална Пливачка федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот