1,4 милиони луѓе бараат славната актерка да добие отказ, а таа порача: Се враќам!

Фото: Инстаграм

Откако петицијата во која луѓето сакаат Амбер Хард да добие отказ собра повеќе од милион потписи и стана една од најпотпишуваните петиции некогаш, Амбер откри што ќе биде со нејзината улога во филмот „Аквамен“.

Во филмот таа ја глуми Мера, а сега изјави дека планира да се појави и во вториот дел и покрај тоа што бројни луѓе не го сакаат тоа.

„Многу сум возбудена и благодарна за поддршката. Луѓето навистина ги сакаат Аквамен и Мера и нормално дека се враќаме. Едвај чекам да го снимиме продолжението“, изјави таа за „Entertainment Weekly“.

Фото: Инстаграм

Да се потсетиме, актерот Џони Деп мораше да поднесе оставка и да се откаже од улогата на Гринделвалд во филмот „Fantastic Beasts“, откако судот предуди во корист на неговата сопруга Амбер Хард, која го обвини дека ја злоставувал.

Фото: Фејсбук

Бројни обожаватели не беа среќни со таквиот развој на ситуацијата и побараа од филмското студио „Warner Bros“, кој стои и зад двата филма, како што го отпушти Деп, да ја отстрани и Хард од Аквамен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот