Зошто секој ден треба да го чистите лицето со јаболков оцет?

Тајната е во алфа-хидроксилната киселина, која ги отстранува мртвите клетки, ја обновува и хидрира кожата…

Многумина знаат дека јаболковиот оцет има позитивен ефект и врз косата, неговата примена е проверено оружје во борбата против артритисот и болките во зглобовите, а помалку е познато дека е одличен сојузник и во негата на лицето!

Ако ве измачуваат проблеми со кожата, како што се осипи, воспаленија, акни и проширени пори, јаболковиот оцет е идеално решение.

Имено, во овој оцет има алфа-хидроксилни киселини, кои ги отстрануваат мртвите клетки и ја обновуваат кожата. Исто така, го нормализира лачењето на маснотии, поседува антибактериски и антигабични својства, одлично ја осветлува и ја хидрира кожата.

Скапите козметички препарати на познатите брендови за нега на лицето ја содрржат оваа компнента, но во јаболковиот оцет нивната концентрација е многу поголема.

Пред примената, јаболковиот оцет треба да се разблажи со провриена и оладена вода во однос 1:3. Во подготвениот раствор натопете памук и пребришете го лицето пред вообичаеното миење. Ова треба да го правите наутро и навечер.

Со помош на јаболков оцет може да се осветлат пигментираните флеки – едноставно ставете натопен памук на местото на кожата каде имате прекумерна пигментација и оставете да отстои 20-30 минути.

Можете да користите купечки оцет, но за нега на лицето најдобро е да користите домашен јаболков оцет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот