Зошто даската за сечење треба да ја чувате во фрижидер?

Фото: Unsplash

Во периодот кога имаме повеќе храна во фрижидерот по некое купување, но и по празниците и прославите, повеќето имаат проблем со недоволен простор за сите намирници коишто мора да се чуваат на одредена температура. Ако и вам ви треба дополнителен простор, нутриционистката Хедер Мејклис има решение!

Кујнската даска за сечење може да послужи како дополнителна полица и на тој начин фрижидерот ќе биде попрегледен и ништо од храната нема да ви пропадне.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mystromy (@mystromy_)


Даската можете едноставно да ја ставите преку прехранбените производи коишто обично се во пакувања со поголема висина, како што се млекото, јогуртот и врз неа да ги ставите оние во помали пакувања.

Нутриционистката има уште едно правило – на „лажната“ полица ги става производите коишто имаат краток рок на траење, остатоците од храна, овошјето, јогуртот, со цел што побрзо да ги потроши.

Овој трик, исто така, може да ви помогне и подобро да се организирате ако го осмислувате дневното мени, па на даската можете да ги ставите производите што сакате да ги користите тој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот