Фото: Screenshot/instagram.com/alen.rustemovski

Злато за македонскиот боксер Ален Рустемовски на Балканското првенство во БиХ

Ален Рустемовски донесе златен медал за македонскиот бокс од Балканското првенство што се одржа во Пале, Босна и Херцеговина.

На турнирот „Опен Балкан“ Рустемовски успеа да слави триумф над српскиот боксер Стефан Чамовиќ со 5:0 во категоријата до 60 кг.

Претходно во полуфиналето Рустемовски забележа победа против Никита Косман од Русија со 3:2.

Ова беше добра подготовка за нашиот боксер, за одржување на формата пред настапот на Европското првенство во ноември годинава.

На Балканското првенство во Пале учествуваа повеќе од 300 боксери од околу 30 земји во сите возрасни категории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот