Зидан ја предаде листата за отстрел, седум фудбалери си заминуваат од Реал

твитер

Иако спортот и посебно фудбалот во моментов не се во центарот на вниманието поради пандемијата на коронавирусот, но тоа не значи дека најголемите екипи мируваат, тие се подготвуваат за летниот преоден рок.

Шпанските медиуми денеска објавија дека Реал Мадрид го следи примерот на Барселона и направи листа на играчи кои ќе добијат дозвола да си заминат од тимот доколку пристигнат вистински понуди.

Станува збор за фудбалери на кои тренерот Зинедин Зидан повеќе не смета, а воедно може да ја наполнат касата на клубот.

На листата за „отстрел„ се наоѓаат: Герет Бејл, Хамес Родригез, Маријано Дијаз, Алваро Одриозола, Лука Модриќ, Марсело и Лука Јовиќ.

За Бејл и Родригез одамна беше познато дека ќе го напуштат „Сантијаго Бернабеу“ на лето, а изненадување претставува името на Лука Модриќ.

Хрватот беше незаменлив дел од средниот ред на „кралскиот“ клуб во последните седум сезони и е еден од најзаслужите за четирите триумфи во Лигата на шампионите.

twitter.com/realmadriden

Сепак, Зидан смета дека времето на 34-годишниот Модриќ помина, а Феде Валверде кој сезонава игра фантастично е повеќе од достојна замена.

Одриозола сезонава замина на позајмица во Баерн Минхен, но ни таму не е дел од првиот тим и се очекува Реал на лето да го стави на трансфер листата.

Мало изненадување претставува Бразилецот Марсело, но тој сезонава падна во втор план по доаѓањето на Ферлан Менди и Зидан смета дека најдобрите игри се веќе зад него и затоа го стави на трансфер листата.

Напаѓачите Маријано Дијаз и Лука Јовиќ не покажаа дека можат да го заменат Карим Бензема кога на Французинот ќе му биде потребен одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот