Животните мудрости на Џек Николсон: „Оној момент кога ќе престанете да работите на себе и да учите нови работи – мртви сте!“

Profimedia
Фото: Profimedia

Еве што кажал холивудскиот шармер за животот, среќата и жените…

Холивудските актери отсекогаш важеле за харизматични, шармантни и пред се згодни мажи. Но, доколку меѓу сите нив мораме да го избереме најголемиот шармер – тогаш тоа би бил Џек Николсон.

Без оглед на неволјите во животот, тој успеал да ја заджи насмевката на своето лице. Од него многу може да научиме за животот и за тоа како да му пристапиме на стресот и вистински да уживаме во секој момент.

Еве што Џек Николсон има да каже за животот, смртта, работата, советите за младите генерации, но и темата која што секако на него му е најдрага – за жените.

Фото: Профимедиа

1. Мое мото е – повеќе добра забава.

2. Мојата религија во суштина е да бидам непосреден, да живеам во сегашниот момент. Тоа е старо клише знам, но е мое клише.

3. Доколку почувствувате некаков нагон во себе, имате изразена интуиција, и колку и да ви изгледа дека е погрешна, следете ја.

4. Кога носам очила за сонце, јас сум Џек Николсон. Кога не ги носам јас сум дебел старец од 60 години.

Фото: Профимедиа

5. Ми се допаѓа таа реченица, ја запишав и ја користевме во филмот „Граница“, во кој велам: „Само сакам да направам нешто добро пред да умрам“. Зарем не го сакаме сите тоа?

6. Лажете само двајца луѓе во животот: својата девојка и полицијата. На сите останати кажувајте им ја само вистината.

7. Оној момент кога ќе престанете да вложувате во себе и да учите нови работи – мртви сте.

8. Живеам во убедување дека публиката и понатаму ме гледа како оној млад перспективен актер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот