„Жикина династија“: Како успеа хуморот од пред 43 години да стане дел од колективната меморија на многу народи?

instagram
instagram

Популарниот југословенски серијал „Луди години“ својата премиера ја имаше во далечната 1977 година. Во медиумскиот простор беше опишан како едукативен филм за опасностите од незаштитен секс во тинејџерските години.

Instagram
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Овој серијал имаше девет продолженија, секое со различно име, но во колективната меморија на народите на поранешните Југословенски простори најпопуларна и најгледана остана „Жикина династија“ од 1985 година.

Instagram
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Огромната популарност на филмот кој раскажува приказна за едно семејство во осумдесеттите години на минатиот век, кој во фокусот ги имаше дедото Жика и Милан кои правеа сè за нивниот внук да не „скршне на погрешен пат“. Тие побараа помош и совети од д-р Недејковиќ за тоа како да го „спречат“ внукот да не си го „упропасти“ животот цртајќи ја сликата на преплашени родители до Балканот.

Instagram
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Бидејќи тие не им веруваа на достигнувањата на модерната психијатрија, самите дедовци засукаа раце и ја започнаа акцијата за „будење на машкоста“ на нивниот внук, но и да го „научат“ да ужива во сексуалната благосостојба, на која не можеа да одолеат ни тие, покрај нивната старост.

Филмскиот серијал „Луди години“ бил сфатен како сериозен проект, со цел да се посочат последиците од секс без заштита и несакана бременост кај адолесцентите. Но, актерот Драгомир Бојаниќ Гидра и Марко Тодоровиќ со своите комични надмудрувања како родители на заљубените тинејџери Марија и Боба, споредните ликови Жика и Милан, видени од денешна перспектива покрај огромната дозна на хумористичност може да се гледаат и како ликови кои воедно раскажале еден неприкосновениот сексизам.

Instagram
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Сите девет продолженија се во режија на Зоран Чалиќ, последниот филм од серијалот беше снимен во 1992 година. Иако и во тоа време беше мета на жестоки критики од културолошки аспект, сепак многу генерации се забавуваа како никогаш досега.

Резултатите од едно истражување во Србија покажале дека без оглед на временската дистанца, според рејтингот и денес има еднаков копнеж кон овој проект, па затоа едноставно било невозможно да се одреди бројот на неговите телевизиски повторувања.

Нема човек на нашите простори што не слушнал или не ја гледал „Жикина династија“, иако не признаваат сите. Комичниот пристап за потребата да се докаже „машкоста“, како и приказот на проституцијата во благи форми, едноставни умови и народен јазик го доближија овој серијал до народот.

Главниот протагонист, популарниот Жика во прикажаното конзервативно семејство на белградски аристократи е своевиден обид да се внесе живот и слобода на говор. Претставувањето на два слоја на општеството, паралела на „здодевната“ интелектуална елита и работничката класа за време на Југославија ја забавуваа публиката со својата банализација на реалноста.

Instagram
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Контекстот на овој хумор е сличен на антихероите кои се потсмеваат на необразованите луѓе кои ги наметнуваа своите модели на однесување на бранот „нови примитиви“ кој беше доста популарен во српската кинематографија во осумдесеттите години. Сличен пример се среќава и во филмовите „Ко то тамо пева“.

Во „Жикина династија“ е присутен хумор што го прикажува јазот што постоел (и постои) во нашиот менталитет и конфронатцијата на урбаното и примитивното, која ја живееме и денес, токму затоа што урбаното никогаш не може да одолее на шармот на покраините, колку и да се спротивставува на тоа. Но, да не ја заборавиме добро познатата изрека – она за што се смееме доволно зборува за нас самите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот